Графа за етничка припадност на пописот сепак ќе има, ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев, кој додаде дека тоа е многу важно за помалку бројните заедници.

За пример ја посочи ромската заедница, за која рече дека многу малку или поретко го употребува мајчиниот, ромски јазик. Доколку само тоа стои во графата тогаш, рече премиерот, тоа може да ја доведе во прашање вистинската бројчаност на таа заедница.

Пописот ќе се спроведува со анкета лице в лице што ќе ја спроведуваат обучени попишувачи и со користење на базите на податоци на 12 институции. Ќе се попишуваат граѓаните што живеат во земјата, оние што се до една година надвор од неа и странците што живеат тука над една година. Дијаспората ќе се пријавува електронски.

Kрајното решение за тоа кои прашања ќе бидат вклучени во Пописот што треба да се реализира во 2020 година ќе го донесе Собранието со доенeсување на Законот за Попис 2020.