Денеска имаме една убава прилика, една убава можност тука во пазарот во Ново Село да разговараме со граѓаните, да ги замолиме повторно да излезат на претстојните избори како што сите знаеме во Ново Село имаме локални и претседателски избори, истакна Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме одличен кандидат кој впрочем е до мене и кој имаше одличен резултат но само за 20-тина гласа мора да имаме втор круг и повторно ќе треба да го избереме сите заедно се разбира граѓаните на Ново Село и за да добие градоначалник Општината Ново Село.

Јас сакам да се заблагодарам на сите граѓани што излегоа и што ја дадоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, за Николчо но секако и за професорката Гордана Сиљановска Давкова.

Сакам да ги замолам сите граѓани да видат една разлика, да видат една позитивна енергија што ја има нашиот кандидат за градоначалник, а се разбира и нашата новата претседателка на Република Македонија.

Посетивме многу домови, допревме до многу граѓани, разговаравме со нив, и имавме одличен резултат. Но за малку, за милиметри или сантиметри ќе добиевме градоначалник, и затоа ги замолувам сите да излеземе заедно да ја поддржиме Гордана Сиљановска Давкова и тука во Ново Село да го поддржиме Николчо.

Николчо ветува многу проекти во својата програма има енергија, млад човек кој навистина сака да се докаже и да направи многу за Општината. Затоа ајде сите да излеземе во недела да гласаме за Николчо тука во Ново Село и да гласаме за Гордана Сиљановска Давкова.