ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за претседател на Македонија. Девет кандидати ќе се натпреваруваат на конвенцијата на 16 февруари во Струга.
Професорката Гордана Силјановска Давчева, пратеникот Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, поранешен директор на Државниот архив, Горан Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика, Горан Ангелов, поранешен градоначалник на Виница, Илија Димовски, професор во пензија на Шумарскиот факултет, Васко Костов, фармацевтски техничар, Никита Шехтуковски, професор на ПМФ, и Сашо Кутлешовски, доктор по земјоделски науки се пријавените кандидати.
Потретседателот Владо Мисајловски нагласи дека на сите кандидати ќе им се овозможи еднаков пристап да ја образложат својата програма.
Тој уште еднаш ја повика власта да распише предвремени парламентарни избори.
Дали проблем е техничката влада. Очигледно имаат своја замисла како повторно да ги наполнат кутиите и знаат дека ќе изгубат.Ги повикуваме да распишат и предвремени избори.Тоа сите го очекуваме за конечно оваа влада да си замине-вели потпретседателот на партијата.
Comments are closed for this post.