Потпретседаелот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, до Државната изборна комисија ја достави кандидатурата за претседател на професорката Гордана Силјановска- Давкова.
Мисајловски истакна дека професорката е вистинскиот избор за претседател на Република Македонија и оти е убеден дека таа ќе ја добие довербата.
По прашањето дали ќе ги бараат гласовите Алијансата за Албанците и на Беса доколку дадат поддршка за кандидатот за градоначалник на Дебар, Мисајловски нагласи дека ги очекуваат гласовите од сите граѓани и партии, вклучително и на Алијансата за Албанците и на Беса.
Comments are closed for this post.