Целиот мој живот верувам дека нема повисока чест од таа да и се служи на државата. Имав можност да извршувам неколку функции и должности и да помогнам да се реализираат многу проекти низ целата наша држава., вели носителот на листата во втората изборна единица Владо Мисајловски.
Токму тој мотив беше пресуден за да го прифатам предизвикот да бидам носител на изборната единица број 2 на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија.
Време е да почнеме да создаваме држава која ќе ги задржи нашите сограѓани, во која ќе има подобро образование, здравство, инфраструктура, спорт, култура, правда и силна економија.
Држава во која ќе живеат нашите деца, држава поставена на нормални и здрави темели.
Да ги апсолвираме грешките од минатото и да тргнеме силно кон подобра иднина.
Почитувани, упатувам повик кон сите Вас, да се обединиме кон една цел, силно обединети со сите наши различности, кон идејата за Обнова на нашата држава.
Од сите населени места и од сите вери, нации, пол и верски убедувања.
Дојдете заедно со нас и почнете го патот за обновата. Место и простор има за секого.
Секој има квалитет за да придонесе за подобра држава и посилно општество. Да ги посетиме сите наши сограѓани, да им пружиме рака и да им покажеме дека има надеж за Македонија и дека никој нема да биде заборавен.
Да се обединиме и приклучиме на обновата, бидејќи во овој момент сите заедно и требаме на Македонија.