Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека ја вакцинирал внуката Илина во обид да ја охрабри македонската јавност дека имунизацијата е безбедна.
„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.
Comments are closed for this post.