Министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити вели дека во април во јавната администрација нема да биде исплатена минимална плата под законски загарантираната.
– Ние сме во постојана комуникација со синдикатите. Законот кој треба да ја усогласи минималната плата веќе е во Парламент и според наши информации на 5 април треба да се гласа. Тоа го решава проблемот со минималната плата. Во однос на другите барања на синдикатите за покачување на платите на другите нивоа, ние како Влада и како МИОА, ја продолжуваме комуникацијата со нив и сме подготвени да го направиме тоа, меѓутоа, на најдобар начин и во најдобар тајминг за Владата и за државата, рече на денешната прес-конференција Алити.
Тој додаде дека до 15 април сите вработени во јавната администрација ќе добијат минимум 18.000 денари плата и оти никој нема да има плата под таа сума.
Comments are closed for this post.