Министерот за култура Асаф Адеми е во центарот на вниманието не само поради распределбата на средствата од годишната програма. Порталот тетовасот пишува дека Адеми си ја вработил сестрата во ЕЛЕМ. Во информацијата се вели дека е добиена од незадоволни членови на БЕСА.

Ова не е прво вработување на близок член на семејството на некој функционер во ЕЛЕМ. Таму беше вработена и ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери.