Бугарија и Германија се согласиле дека е исклучително важно С Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за пристапување кон ЕУ во текот на првата половина на годинава. Ова го соопшти министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, по разговорот со бугарската колешка Теодора Генчовска во рамките на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, пишува Гласове.бг. пренесувајќи го 24 часа.

Бербок изјави дека ова е одамна задоцнет чекор и одржала билатерална средба со Генчовска на која двете страни се согласиле дека во сегашната ситуација е исклучително важно Скопје и Тирана конечно да ги започнат преговорите за пристапување кон ЕУ.

-Држави како Украина, а исто така и други држави, одамна ја гледаат својата иднина во ЕУ. Ние не само што нема да ги разочараме тие држави, туку ќе ги исполниме своите ветувања за членство во Европската унија. Тоа се однесува и на некои држави од Западен Балкан, пред на Албанија и С Македонија и токму затоа сега, во текот на првата половина од годинава, сме должни конечно да ги започнеме преговорите за пристапување на Албанија и С Македонија, коментираше Бербок по средбата во Луксенбург.

Германската министерка за надворешни работи забележа дека српските власти исто треба да ги поддржат политиките на ЕУ, вклучувајќи ги и санкциите, ако државата сака да стане членка на Унијата.

-Ако некој се стреми да стане член на Европската унија, кон што се стреми Србија, тогаш од исклучително значење е поддршката на надворешната политика на ЕУ и поддршката за соодветните акции, изјави Бербок.