Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, го избегна денешниот еднодневен штрајк на аеродромот во Брисел, кој е затворен од синоќа во 23 часот. Таа на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана отпатувала уште во текот на вчерашниот ден.

Националниот штрајк во Белгија ги опфати сите видови транспорт во земјата, а на аеродромот во Брисел се откажани сите слетувања и полетувања во период од 24 часа. Повод за штрајкот се пропаднатите разговори меѓу власта, синдикатите и работодавачите околу зголемувањето на платите. Синдикатите бараат поголемо зголемување, поправедни даноци и повисоки пензии.