Антонио Милошоски коментирајќи ги преговорите за Законот за јавно обвинителство нагласува дека смета дека Заев со овој предлог законсака да им обезбеди сигурни и високи позиции се со цел да биде да бидат негов заштитен механизам доколку се смени власта и доколку се докажат сите сознанија за сторен криминал.

-Имаме еден дисонантен тон помеѓу самите владини претставници односно едни се изјавите на вицепремиерот Бујар Османи за потребите на овој закон дали е услов или не е услов, а други се на Заев. Но, според мене она што го гледам од предлог законските одредби кои што ни се дадени е дека пред заминување Заев сака да им обезбеди сигурни и високи позиции на поранешните обвинители од СЈО кои што одработија за него и тој сака во иднина преку тие обвинители, преудицира можеби смена на власта, тие да бидат заштитниот за него механизам за да нема одговорност за она што го имаме како сознанија за сторен криминал, нагласи Милошоски за „Алфа“