Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по денешниот состанок истакна дека  биле наброени три точки за имплементација на 15 резолуции што треба да бидат прифатени во овој закон, а, кои, како што рече, се по меѓународни стандарди.

-Ние би сакале прво да слушнеме од министерката за правда дека ги прифаќа принципите и начелата коишто ги предложивме, дека ги прифаќа и оние коишто се востановени како судска пракса од Судот за човекови права во Стразбур и во тој дел веднаш би биле спремни она што претходно го дадовме како 120 страници забелешки да помогнеме тие Министерството да ги инкорпорира во законскиот текст. Значи, ние цениме дека секој обвинител којшто во моментов работи во СЈО треба да има еднакво право како секој обвинител којшто во моментов работи во Основно или во Републичко обвинителство да конкурира и според мерит-систем на вредности да биде избран или да не биде избран како дел од тоа специјално одделение во државното обвинителство, рече Милошоски.