Самобитноста на македонскиот народ може да е основниот момент на една собраниска декларација која може да послужи како аргумент при преговорите. Во Собранието доколку дојдат министрите за надворешни и евроинтеграции ние ќе им поставиме прашања што е добрососедство, прашања што тие се должни да ги одговорат. Имаме изјави кои ги слушаме од бугарски официјални лица, но кај нас во Собрание ги нема нашите официјални лица. Македонија од 2009 има заслужено почеток на преговори. Заедничкиот став партиите го артикулираат преку институциите. Собранието не треба да се одбегнува. “ – вели Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.