Бесплатна здрава храна за сите ученици од прво до петто одделени во Општина Охрид, вети денеска Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Тој пред медиумите рече дека вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот.

Со имплементирањето на овој проект, ВМРО-ДПМНЕ директно овозможува да се субвенционираат младите семејства кои имаат дечиња и им учат од прво до петто одделение. Истовремено се поттикнуваат учениците да практикуваат здрави навики, навремено да се исхрануваат и да користат разноврсни продукти полезни за нивниот раст и развој“, рече Милошевски.

Како што забележа, на тој начин ќе се придонесе кон избегнување на нездравите животни навики како што е консумирањето брза храна и воведување на нови стандарди и практики.

Родителите го штедат домашниот буџет, а се спокојни во однос на тоа со каков квалитет на храна се исхрануваат нивните деца. Само образовано население со здрави навики може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното општество“, рече Милошевски.