Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески повторно заврши во болница.

При преглед во затворот, на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна интервенција и по одобрение на судот и на затворската управа поранешниот министер е пренесен на преглед во приватна клиника“, пренесуваат медиумите.

Инаку поради проблеми со бубрезите, Јанакиески и пред нешто повеќе од 10 дена заврши во болница