Бојан Јовановски на табла и со фломастери еден час објаснуваше како фунцконирал неговиот Меѓународен сојуз за кој нагласи дека не била хуманитарна организација. Тој објани дека имале план за дејствување и цели кои треба да се остварат.

Според Боки, Сојузот бил формиран на 7.6 2017 година, а на денот на формирањето имале прием кај министерката Мила Царовска.

Боки објасни дека како почесен претседател била избрана тогашната пратеничка Фросина Ременски, а за почесни членови британскиот амбасадор Герет и поранешниот кошаркар Владо Илиевски.