Утринава во 02.30 часот на железничката станица Илинден, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце – Трубарево – Гевгелија удрил во едно лице.

Лицето, кое е најверојатно мигрант, се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.