Освен она благо чувство на гадење, друго немам што да кажам.

Ова денеска го изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на премиерот Зоран Заев дека нема намера да поднесе оставка, по катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница.

Мицскоски денеска престојуваше во Тетово и Тетовско и посети семејства на починнатите во трагичниот пожар.

-Патувајќи од Нерешта до Тетово ја слушнав неговата изјава. Навистина, кога човек ќе се поистовети со функцијата и себеси ќе се интерпретира како „функцијата, тоа сум јас“, клучно кога невини човечки животи згаснаа, е тажно, жално. Тој човек не чувствува ни малку морална одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој заминел, Мицкоски ќе бил премиер, тогаш навистина освен она благо чувство на гадење, друго немам што да кажам, изјави Мицкоски.