Ние сме Пиреј и ќе ве поразиме и порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на власта од митингот во Битола. Тој потенцираше дека наместо живот дојде пекол и луѓето заминуваат од земјата.
Заборавија на оние чевли што ги оставија пред владата, ама не заборавија да направат селфи со новиот пријател, односно доцнеше авионот па немаше време да се построи македонската химна.Вистината е дека го лажеше сопствениот народ. Власта ја потцени моќта на народот но ќе видите што ќе ви каже Битола на 21 април-рече Мицкоски
Затоа Мицкоски побара победа на 21 април а потоа потврда на 5 мај и потврда на таа победа.
Според него, во Битола најмноги ќе ги боли и ќе ги отвори вратите за предвремени избори на кои ќе им биде испорачан рекорден пораз.
Мицкоски го праша Заев дали ќе собере храбост да се извини на битолчани за ТАТ, за транзицијата, дали ќе извинии за криминалот од 8 милиони евра
Мицкоски за прв пат откри детали за лидерските средби што ги имале со Заев изминатиот период. На една нов, како што тврди Мицкоски Заев понудил ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата со пет министри но да даде поддршка на Договорот со Грција.
Се гледаме очи во очи,, ми рече ајде влези во влада и бирај пет министерства,само поддржи го договорот. Ти одговорив дека мојот образ нема цена.Не го лажи народот, нудеше те одбивме затоа што не сакавме да бидеме соучесници во капиулацијата-откри Мицкоски
Мицкоски побара од Заев после изборите да формираме влада за спас за македонија која на есен ќе организира предвремени парламентарни избори на кои кој ќе загуби да замине од политиката
Comments are closed for this post.