Кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова нагласи дека спротивно на законот е химната да се пушта само со музика.

Уште еднаш го проверив законот за химната. Во него јасно се вели дека таа химна има текст и музика, а да се пушта само музика, нешто што сега се практикува, е спротивно на законот. Тој закон се носи со 2/3 мнозинство исто како и Уставот. Тоа е срамно, а затоа треба да ги предупредиме на почитување на владеење на правото, истакна претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Битола.