Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го посети Општиснкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Кисела Вода, каде што размени мислења со членовите и симпатизерите на партијата, соопштуваат од партијата.

Мицкоски на средбата посочил дека Зоран Заев и власта се делегитимирани и ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа на претседателските избори.

Самите резултатите од првиот круг на изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е најголемата политичка сила и ја има поддршката од домашната и од меѓународната јавност. Докажано е дека оваа власт не ја бива, не треба нови докази за тоа, зошто тие докази ги живееме, сиромаштија, несигурност, криминал, неправда, тие ја донесоа апатијата, разочарувањето за да луѓето станат индиферентни, да ги прифатат ужасите, но тие така сакаат, а одговорот е едноставен, масовност на 5 мај. Масовно излегување и поддршка за Гордана Сиљановска Давкова“, истакнал Мицкоски.

На денот на изборите според Мицкоски граѓаните ќе стават крај на погубните политики на оваа власт предводена од Зоран заев и СДСМ.

Ќе понудиме решенија за проблемите на граѓаните, со план, програма и заедничка визија. Забревта власта, таа е на колена, од нас зависи нашата иднина. Заев има реклами, убави зборови, а во реалноста народот има глад. Тоа ќе го смениме. Правда за Македонија. Татковината повикува“, порача Мицкоски од Кисела Вода.