Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук статус денеска пишува дека Зоран Заев е во паника бидејќи криминалот е разоткриен.

 Очигледно е дека Заев е во паника бидејќи криминалот е разоктриен и е во вртоглав пад. И бидејќи и така прават панични прес конференции на кои мора да манипулираат, лажат и конструираат. Прашањата кои ги поставуваат на тие лажни прес конференции се одговорени, но срамот за татковината, криминалот и распродажбата продолжуваат. Ви одговорив вчера вам, кои сте дел од крими октоподот, перјаници на куфер политиката, рекет политичари, ќе ви одговорам и денес. Ќе продолжам да одговарам се додека вашите подли лаги не бидат комплетно демонтирани. Во Будимпешта се сретнав со големиот пријател на Македонија, премиерот на Унгарија г-динот Орбан, човекот кој ја предводи владата на државата од која ќе зависат многу работи за иднината на ЕУ интеграцијата на Република Македонија. Бидејќи сте неспособни и покрај сите национални распродажби и понижувања веќе трета година по ред да го поместите статусот кандидат во статус преговарач, ние како државотворна партија одлучивме наместо да фарбаме, кодошиме и уриваме дома, да работиме на иднината на нашите сограѓани од опозиција во услови кога имаме до гуша во криминал заглавена влада. Во Словенија не сум бил веќе подолго време, но ќе ги искористам сите контакти со нашите сестрински партии од Словенија да и помогнам на татковината и граѓаните во напредокот во ЕУ интеграцијата. Доколку Вие што сте дел од криминалниот октопод, рекет политичари имате било каков доказ дека сум имал други средби од ова што е содржано во мојот одговор, Ве охрабрувам веднаш без двоумење да ги објавите, а јас истиот момент ќе понесам одговорност, во спротивно Ве охрабрувам наместо да се криете во прашална форма кукавички создавајќи мистика како што е карактерот на ситните криминалци јасно да напишете во афирмативна форма, да не се плашите, а јас Ви ветувам дека нема да Ве тужам за лагите и невистините што кукавички во прашања ги поставувате. Јас ќе Ви одговорам на сите прашања, знаете зошто? Затоа што немам што да кријам, само повеќе ме мотивирате, уште пожестоко да се борам. Одговори ќе има, но Вие секогаш ќе останете кукавици, криминалци кои се кријат позади прашалната мистика и трговци со најсветото, тоа што нашите дедовци и татковци со живот го платија, но што знаете вие за гордост и достоинство…. јас Вам ви одговарам, а Вие сеуште не собравте храброст на ниту едно прашање да одговорите, внимавајте, размислете добро што ќе одговорите, затоа што кога тогаш вистината ќе излезе….

Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!. стои во неговиот пост на Фејсбук.