Заев е директна закана за правдата, ги разводнуват аферите за да нема одговорност во врвот на власта, истакна на денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, кога по три години власт и криминализирање на целокупното општествено ткиво, премиерот ќе ви рече “мора да има правна држава”, тогаш секој еден човек знае дека се работи за обично лицемерие.

А уште  поголемо лицемерие е кога тој човек ќе каже по цели три години власт дека мора да се испита имотот на судиите и обвинителите, и нема да помине ден потоа ќе го смени истиот тој ставот, и ќе каже требало да се прочистат само неколку обвинители и судии. И тука има два логични заклучоци. Првиот е прашањето, кој го спречуваше тоа да го направи до сега, имајќи во предвид дека апсолутната власт е токму во рацете на Заев? Значи одговорот е јасен и се работи за несакање,  и вториот  заклучок, зошто само да има проверка на имот на судиите и обвинителите, а не на изворот на корупција во оваа држава, политичарите и носителите на јавни и државни функции заедно со нивните семејства. Впрочем сеопфатна проверка и испитување на потеклото на имот беше моја иницијатива и предлог, каде политичарите и нивните семејства нема да бидат иземени како и останатите функционери од таквата проверка.