Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во културниот центар „Антон Панов“ во Струмица.

Во обраќањето Мицкоски  истакна дека на Европа и требаа честити, принципиелни луѓе, а не луѓе коишто затварат цели планини за да скијаат, не луѓе коишто однапред договарат во четити очи зделки, не и требаат аболирани политичари,  луѓе коишто бараат евро за себе, а евро за црквата.

Тој порача дека на 21 Април граѓаните масовно ќе излезат и ќе му порачат на Заев и на СДСМ  дека се поразени и ќе се испратат во темната историја на Република Македонија.

И колку и да сака оваа власт да прикаже дека сме исти, не сме. Јас за разлика од Зоран Заев сум без хипотеки или без било какви долгови кон некого. Мене не ми требаше политиката за да станам успешен, јас влегов во оваа работа затоа што не сум човек кој седи со скрстени раце кога гледа дека се друго пропаѓа, затоа што кога ќе помине време сакам на моите два синови да им кажам да јас бев тој кој проба да ги смени работите, рече Мицкоски.