При денешната посета на општина Зелениково претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на новиот шеф на јавното обвинителство истакна дека јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско политички договор во власта но веднаш после промените овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и обвинителството и судството од партиско политички договори и стеги.
„Па јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско- политички договор во власта, само исто така јавна тајна е дека таму имало две струи, едните за едниот, другите за друг, па победил овој и така натаму, продолжува партизацијата затоа следната анкета нема да биде довербата во судството и обвинителството 8 проценти ќе биде еден, два или три проценти, претпоставувам тоа се овие неколку фамилии кои што се денеска во власта и од ДУИ и од СДСМ, тажно е што се продолжува со партизирање на институциите кои што треба да бидат носители на правдата, обвинителството и судството, и веднаш после промените овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и обвинителството и судството од партиско -политички договори и партиско политички стеги.“ нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.