Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски, која учествуваше на Конгресот на ЕПП во Загреб ја продолжи меѓународната активност во Германија на Конгресот на германската владејачка партија ЦДУ, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.
На Конгресот на ЦДУ, Лајпциг, Германија. Присуство искористено за лобирање за Македонија, јакнење на економската и политичка соработка. Македонија на брза патека, обнова за подобар живот на сите граѓани, порача Мицкоски пред почетокот на Конгресот.
Во Лајпциг заедно со Мицкоски се и потпретседателот Александар Николоски, членот на ИК Владимир Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.
Comments are closed for this post.