Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Нова година.

Во 2021 – ва, ви посакувам да го сочувате своето здравје и да соберете сила, бидејќи тоа ќе биде година на промени кои ќе ви донесат повеќе задоволство, зголемени радости и среќа, која секогаш ги следи храбрите.

Ви посакувам cреќни и весели новогодишни и божиќни празници! Да сте живи и здрави, да живее Македонија!