Обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи Законот за јавното обвинителство се незрели, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека оние кои ја обвинуваат опозицијата за законот за јавно обвинителство само сакаат да го искористат законот и да ја нападнат ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е така зошто анкетите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и затоа преку законот сакаат да се пресметаат со ВМРО-ДПМНЕ. Знаат дека ќе бидат поразени на следните избори и сакаат да го користат овој закон .Загрижени сме да се врати владеењето на правото, ке испорачаме производ и јавноста ке може да го спореди со овој што го предлага владата. Предлогот кој се нуди е копија на хрватскиот закон“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на Канал 5 телевизија.
Тој вели дека резултатот од СЈО и од републичкото обвинителство е нула .
Ние формиравме во партијата тим за преговори. Но власта не слуша. Ако не да ги оставиме од власта да прават што сакаат и да го укиниме ВМРО-ДПМНЕ. Но, ние одлучивме. ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов закон за јавно обвинителство. Ние ќе направиме закон кој ќе биде соодветен на европските стандардите и јавноста ќе може да го спореди со овој кој го предлага власта, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.