Дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ поседуваат прислушвани разговори со кои се компромитираат високи функционери. На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ во октомври ќе објави дел од тие „бомби“ за власта, лидерот на партијата одговори:

„Јас не би коментирал чаршиски муабети, како лидер на опозиција, како универзитетски професор, како претседател на најголемата политичка партија. Тоа би било надвор од моите човечки принципи. Но одговорот накратко би бил можеби да, можеби не“.

Во интервју за Канал 5 Мицкоски потенцираше дека најдобр за државата е што поскоро да има предвремени парламентарни избори.

„Јас го слушав господинот Заев во Собрание како говори дека кога и да имало избори ќе не смачкал. И го слушав исто така и говорот на господинот  Антонијо Милошоски  и ќе го повторам она што го кажа тој, дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да му излеземе во пресрет на Зоран Заев и да му ги исполниме двете желби. Еве првата да биде министер за финансии, да си даде оставка од премиерската функција, да изгласаме технички премиер, еве нека биде Кочо Анѓушев и за 100 дена од сега да организираме предвремени парламентарни избори и да видиме дали ќе му се исполни и втората желба, да не смачкал на избори“, рече Мицкоски.

За коалицирање со албанските партии Мицкоски потенцираше:

„Ние сме исклучиво на принципиелна политика, политика која што се темели на проекти, и нудење иднина.“