Наместо да прави спектакли и политички хајки со тоа што силни полициски сили го блокираат штабот на ВМРО-ДПМНЕ, наводно барајќи го Никола Груевски, власта и полициските служби требаше да направат барем нешто во обид да ги најдат убијците на младиот Мартин Јанушев, на младиот навивач Саздо и на редица други убиства што останаа нерешени, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
Тој истакна дека се што се случуваше во текот на денот е евтин театар и обид да се залаже јавноста и без аргументи да се обвини ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого.
Ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата, врз главната опозициска сила, врз критичката мисла, каква не познава модерна Европа и пошироко во Светот.
Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа?
Како кога до вчера, исто како него, сите нас не следите, се заканувате, претите – напиша Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакнува дека неговата реакција не е обид за правдање ниту обид да се прикаже како жртва, затоа што, како што вели, стотици и илјадници граѓани чувствуваат и поголем притисок секој ден. Мицкоски посочува дека ваквите постапки покажуваат дека власта претставува хунта и режим што ја ограничува слободата.
Приберете ги вашите партиски силеџии од СДСМ со полициска значка, нивниот срам е и ваш срам. Сакате да не понижите, да не прикажете за злосторничка дружина, за криминалци, ние кои ја кажуваме вистината. ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане да биде последниот бастион на слободата и критичката мисла. Тврдина на народот кој ја сака оваа земја. Можете да забраните да говориме, да забраните да дејствуваме, но не може да ни го забраните ВМРО затоа што тоа му служи на народот, а јас сум прв повикан да им служам и да ги чувам тие 4 свети букви – вели Мицкоски.
Помина една година од убиството во Аеродром на младиот Мартин Јанушев, поминаа неколку месеци од убиството на младиот…
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, November 12, 2018
Comments are closed for this post.