Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од општините на локалните избори на 17 октомври. Мицкоски, ова свое тврдење, како што кажа, го заснова на бројките од последните истражувања.
Тој денеска присуствуваше на отворањето на Политичката академија 2021: „Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондација Конрад Аденауер – Македонија.
-Соработката со Конрад Аденауер продолжува и на овие локални избори. Овие неколку денови за нас се исклучително значајни. Убеден сум дека се исклучително значајни и за идните членови или претседавачите на советот онаму каде што коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори. Јас очекувам согласно бројките и последните истражувања, таа победа да биде голема и во најголемиот дел од општините во Македонија, рече Мицкоски.
Според него, искуството кое членовите на партијата ќе го слушнат денеска не само од домашните предавачи туку и од луѓето кои доаѓаат од земјите – членки на ЕУ ќе бидат дополнителен мотив за идните градоначалници и членови на совет и дел од тие насоки да ги применат во своето работење. Пред се, како што рече Мицкоски мисли на екологијата, транспаретноста во работењето, отчетноста, дигитализација.
Тој ирази надеж дека многу брзо после овие избори ќе имаме нова Влада која, според него, ќе одржи лекција како се работи чесно и како се бори против криминалот и корупцијата кои што се акутна појава во нашето општество.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски повтори дека планираат да водат позитивна кампања за локалните избори и не планираат да се занимаваат со тоа колку градоначалниците на СДСМ и ДУИ се лоши и неспособни бидејќи тоа, според него, граѓаните го знаат.
Comments are closed for this post.