Како граѓанин денеска во подрачната единица на Министерството за правда, тука во општина Карпош дојдов да се потпишам на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и на тој начин практично да ја изразам мојата недвосмислена поддршка како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Македонија, ова денеска го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од подрачната единица на Министерството за правда во Карпош.

Сведоци сме на перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите Македонија повторно да заличи на правна држава и демократска е токму победата на идните претседателски избори кои ќе се случат на 21 април, односно 5 мај. Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ со професорката Гордана, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она што ќе го кандидира деспотот Заев, СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Македонија