Економските резултати резултати на државава се еден од најголемите показатели за неспособноста на владата на Зоран Заев да го оствари тоа што го ветуваше пред избори, обвини на својот фејсбук профил, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во аргументацијата за овој став, Мицкоски наведува дека иако Зоран Заев ветуваше дека секоја година ќе обезбедат раст на економијата од 5 проценти покажаа вистинското потфрлање уште првата година кога се забележа раст околу 0 проценти.

Мицкоски додава дека за оваа година, согласно проекциите на буџетот, што самите го составија, беше предвидено дека економијата ќе расте со 3.2 проценти што е далеку помалку од ветените 5 проценти раст секоја година, ветени во програмата за живот, нокако што вели лидерот на опозицијата, тоа што нема да расте економијата за 5 проценти не е вистинскиот проблем, туку тоа што економијата нема да ги достигне ниту тие 3.2 проценти раст кој самите си го зададоа.

Со ребалансот на буџетот самите растот го спуштаат на 2.8 проценти, поточно на ниво од 10.724.000.000€, а грешката, односно потфрлањето е околу 43.000.000€. Значи Владата на Заев е до толку неспособна што не може да го оствари економскиот раст кој самите си го зададоа, па не 5% како што ветуваа, не 3.2% колку што самите предвидоа во буџетот, туку сега економијата ќе расте со минимални 2.8% колку што сега предвидуваат со ребалансот. Додека ММФ и Светска Банка потврдуваат дека растот нема да биде повисок од 2.5 % што е вистинска штета бидејќи регионалните економии растат со над 4 проценти.

Во јуни 2017-та година, Зоран Заев во експозето како нов премиер на Република Македонија, го потврди она што претходно…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, November 26, 2018