Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и денеска е во посета на Париз, Франција, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК д-р Игор Николов. Во рамките на посетата, лидерот на партијата денеска ја посети и Француската стопанска комора, Медеф Интернационал, каде членуваат едни од најголемите француски бизнис компании со работа распространета во повеќе од 150 земји во светот.

На средбата посочив дека новата Влада која ќе следи по изборите на 12и април ќе биде заинтересирана за силна и продлабочена бизнис соработка и искористување на потенцијалите на Македонија во однос на странските компании кои ќе бидат насочени кон реализација на капитални инвестиции. Фокус на новата Влада ќе биде отворање на добро платени нови работни места, но и развој на енергетски и технолошки проекти кои ќе обезбедат модернизација на економијата и општеството, сооптшти денеска Мицкоски.

На средбата станало збор и за неколку конкретни проекти кои беа предмет на интерес на француските компании.

Посочив дека следува период на промени во Македонија и воспоставување одржлив систем на владеење со правото кој ќе гарантира сигурност на бизнис заедницата. Наш интерес е Македонија да ја претвориме во технолошки тигар на Балканот, преку процес на реформи кои ќе донесат економски бум, новата влада ќе работи за економски прогрес на сите граѓани, порача Мицкоски.