Претседателот Пендаровски излезе со став  за негирањето на македонскиот јазик од страна на бугарските академици и дека тој е дијалект на бугарскиот.

Според шефот на државата,  македонскиот јазик и македонската нација се факт и дека никој нормален не би дебатирал и потпишувал договори за нешто друго.

Македонскиот јазик и македонската нација се факт, македонскиот јазик е елеменистички факт децении наназад и тоа е утврдено и на меѓународно. Мислам дека е безпредметно да разговараме за нешто што е гол факт, ноторен факт кој го знаат сите не само кај нас не само кај нив туку и во целиот свет. Паметите, во Преспанскиот договор постои една одредба која се повикува на конференција на Обединети нации, член на некоја конференција организирана овде кај нас во Скопје меѓу нас од 1979 година во која македонскиот јазик е нормиран како еден од јазиците во јужнословенската група и е меѓународно признаен. Да потсетам за помладите според Уставот на поранешна Југославија 1974 година таа држава имаше три јазици официјално, еден од тие јазици беше и македонскиот јазик тоа значи дека тогашна Југославија беше членка во обединети нации и во личната карта на секоја земја членка на тогашните Обединети нации стоеше уште од 1974 година и македонскиот јазик, значи тоа е апсолутно неспорна работа и јас стварно мислам дека би губеле време да се убедуваме дали нешто постои или не постои. Тоа постои исто како што македонската нација е факт и околу тоа никој нормален во нашава земја нема да дебатира ниту да потпишува договори со било кој“, изјави Пендаровски.