Доколку не биде усвоено барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ за да не му дозволи на СДСМ да ги украде и овие избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ.

Доколку одлучат да се затскријат, доколку одлучат пред јавноста, најголемата опоцизицка партија, граѓаните да прикажат дека немаат чесни намери и дека повторно сакаат со нефер избори да манипулираат со гласовите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во моќ тоа да не се случи. Силно сме мотивирани и мобилизирани да учествуваме на претседателските, на кои ќе победиме. Ќе победиме во Охрид, во Ново Село, а со тоа силно ќе ја подотвориме вратата за предвремени парламентаарни избори, кои би се одржале на есен.