Компромитираното СЈО е завршена работа, а прв чекор веднаш треба да биде притвор за Катица Јанева. Вакво компромитирано СЈО е резултат на компромитирана владејачка врхушка“, порача денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по апсењето на Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец во случајот „Рекет”.

Според него вчерашната акција е само фарса за да се заштитата вистинските нарачатели, кои како што истакна се дел од власта.

Имаме злоупотреби на медиум, тргување со правдата, финансиски интереси и политички мотиви. Ова не е возможно без закрила од самата врхушка на власта. Вчерашната акција е театар да се спасат нарачателите на криминалот, како Катица Јанева и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со државата“, вели Мицкоски.

Вели Заев бил неколку пати фатен жив во криминал.

Зар некој мисли дека врвот на власта не е зад овој скандал. Јавно предупредив на криминалот на СЈО и дека се злоупотребува за политички цели, а Заев жестоко се спротивстави и ја бранеше Јанева која беше неговата црвена линија. Денот започна со нервозна конференција на која повика на лидерска и приведување на двајца за рекет. Следеше и условена оставка на Катица Јанева која всушност не е оставка. Вистинската причина не е зошто е личност со високи морални принципи, туку излезно сценарио од тоа дека е до гуша во криминал“, вели тој.

Мицкоски побара притвор како што рече и за останатите кои биле дел од овој криминален октопод.

Постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци“, потенцираше Мицкоски.