Поради безбедносни и здравствени причини притворениот Бојан Јовановски е сместен во хашкото одделение во затворот, тврди директорот на КПУ„Шутка, Есад Рахиќ.

Ние имаме посебни безбедносни протоколи, притворениот е прегледан од лекар, имал претходна операција го очекува и нова и не можеме да ризикуваме да го сместиме во другите одделенија на затворот. Но, сепак, не треба да се има впечаток дека ова одделение е за привилегирани, бидејќи, сепак, и тамошните услови не се перфектни, објаснува Рахиќ.