Најавените протести ги одложуваме и во наредниот период ќе се фокусираме на потенцијалното предавство на државните и националните интереси и целосно ќе се фокусираме на последниот француски предлог за кој актуелната влада искажа подготвеност да го прифати. Според наши информации се работи за предлог во кој се променети само два збора. Не случајно овој модифициран француски предлог од прва е прифатен од бугарскиот претседател и премиер. Ова е нокаут за македонската дипломатија, изјави вечерва Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на веб страната на Владата, посебно ако е толку добар како што вeлат од Владата.

Ако е добар толку овој предлог, барам Владата веднаш да го објави на нејзината електрронска страница. Тоа е најдобар начин јавноста да не потклекне на шпекулации и манипулации. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати решение штетно за народот и за Македонија, рече Мицкоски.

Тој вели дека Македонија преговара под бугарски диктат. Вели дека во новиот предлог се сменети само два збора.

Лага е на Владата дека не биле запознаени со предлогот, лага е и тоа што ова сега го претставуваат како голем успех, а не сме го виделе и прочитале, рече Мицкоски.

Вели дека ако претходно имавме нокаут на македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Мицкоски вели дека не треба да се лажеме, ова е дебакл. Прашува дали треба да им веруваме на луѓе кои досега многу пати излажале. Кажа дека предлогот кој пристигнал е неприфатлив за нив. Мицкоски вели дека ако сакаат да нема шпекулации, треба да го објават предлогот веднаш, уште вечерва.

Сите да бидат будни, се подготвува асимилација, рече Мицкоски и ги повика и медиумите а не им веруваат на владините министри кои ќе брифираат утре за францускиот предлог, туку да инсистираат тој да биде објавен на vlada.mk.

Тој вели дека не треба да капитулираме дипломатски и наредните 50 години да не стигнеме до членство во ЕУ.

Владата која го лажеше народот дека не е запознаена со предлогот, се со цел како денеска со нарачани реченици во медиумите се обидува да создаде впечаток за голем триумф. Овој модифициран предлог за кој се говори го немаме видено, ниту истиот сме го прочитале. Но можеме да кажеме врз основа на информациите кои ги имаме тој не е ништо друго освен два различни збора од првиот предлог. Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија сега имаме нокаут со продолжено дејство.

Мицкоски кажа дека има сомнителни работи дека предлогот не е добар и дека се работи за дипломатски нокаут.

Се работи за предавство на Владата на СДСМ и ДУИ и затоа предлогот се крие. Сакам да потсетам дека за ова сценарио предупредив пред неколку дена, дека тим на МНР веќе преговара во Софија, а денеска и Османи потврди дека тој преговарал во Софија за македонските интереси. Македонија е единствената држава која наместо да преговара според копенхашки критериуми, таа преговара по бугарски диктат. Барам веднаш Владата да го објави овој предлог затоа што велат дека е многу добар. Ако е толкку добар нека го објават веднаш. Ние нема да прифатиме решение штетно за народот и за индината на македонскиот народ, изјави Мицкоски.