Нема потреба да сум на средба каде ќе се зборува за се освен за најважното, датум за предвремени избори. Театар за дефокусирање од вистинските теми не ни е потребен“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по  поканата од премиерот Зоран Заев за лидерска в петок.

Според него иако премиерот Зоран Заев вели дека е подготвен за избори, тој е соочен со сопствениот страв од дебакл. Вели дека тој го повикал прв Заев да соработуваат за датум за избори.

Таа понуда траеше со денови, кој беше одговорот од власта? Ја отфрли понудената рака и одговори со прогонот врз актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Како да имаме средба со така дијаметрално спротивни ставови? Ја информирам јавноста дека работни групи составени од ВМРО-ДПМНЕ и работни групи кои ги предложи СДСМ веќе интензивно работат на закон за ЈО иако ставовите се дијаметрално спротивни. Една од црвените линии беше Катица Јанева, гледаме за неа денес веќе не се ни дискутира, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ власта ја нарече криминален октопод кој владее со државата и тргува со правдата.

Мицкоски побара, како што рече, „веднаш оставки и веднаш предвремени парламентарни избори“.