Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со автрискиот канцелар Себастијан Курц.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции и актуелниот референдум за договорот со Грција. Мицкоски истакнал дека членството во ЕУ и НАТО преставува наш стратешки државен интерес, и дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена за понатамошна продлабочена соработка со Австриската Народна Партија како сестринска партија во рамките на Европската Народна Партија.

За ВМРО-ДПМНЕ повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција.