Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Твитер профил ги повика граѓаните да се придружат на протестите пред Собранието, без подлегнување на провокации.
Тој денес веќе се приклучи на протестите пред Собранието.
На Твитер тој објави:„Почитувани сограѓани, јас од денес ќе го користам моето демократско право мирно и достоинствено да поротестирам против тоа што се случува внатре во Собранието,…надвор пред Собрание. Придружете ни се да останеме достоинствени и честити какви што сме“.
Comments are closed for this post.