Владата ја тргна Македонија од мапата на конкуренти регионални пазари. Неспособност и криминални побуди е основата на дејствувањето во бизнисот на оваа власт. Тоа мора да се промени, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Нашите приоритети ќе бидат развој на економијата, отворање на нови работни места, добри бизнис услови и сигурни и повисоки плати, Македонија технолошки тигар на Балканот. Тоа е возможно, и ние тоа ќе го направиме. За да се случи ова потребни се промени, мора да се избориме за правда и достоинство, за подобар живот. Претседателските избори се првиот чекор кон промените, порача претседателот Мицкоски од Кавадарци
Comments are closed for this post.