Некој намерно не ги решава проблемите, а некој не знае или нема визија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на МТВ укажувајќи дека следната 2023 година ќе биде тешка година и полна со предизвици.

Следи 2023 година која ќе биде значајна за Македонија од многу аспекти, многу предизвикувачка, ќе расте задолженоста, ќе нема пари, ќе расте инфлацијата повторно, притисокот од војната во Украина се повеќе ќе се засилува, енергетската и економската криза ќе бидат девастирачки за многу компании, многумина ќе останат без работа, ќе заминуваат ќе бараат работа надвор. Никој за тоа не се подготвува, никој за тоа не зборува“, рече Мицкоски.

Според него надлежнитте се што прават е само од денес за утре, не работат со план.

Секој гледа од денес за утре од овие владини функционери. Да помине денот, колку може за себе да приграби. Се однесуваат како ова да им е последно во животот“, рече Мицкоски.