Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој зборуваше за моменталната ситуација во која се наоѓа Република Македонија во однос на договорот со Бугарија како и за распродажбата на идентитетот од страна на СДСМ и Зоран Заев.

Мицкоски истакна дека Република Македонија се соочува со голем проблем поради непромислените и недржавнички потези на Зоран Заев во однос на македонскиот јазик, односно македонскиот идентитет. Зоран Заев е човекот кој не чувствува никаква тежина за она што го направил во изминатиот период во однос на македонскиот јазик, напротив се гордее со тоа што македонскиот јазик некои го нарекуваат јазик кој што го говорат граѓаните на Република Македонија.

“Поради таквиот договор кој Зоран Заев го потпиша со Република Бугарија, македонскиот јазик сега е третиран како јазична норма, односно според записите македонскиот народ се класифицира како јазик превземен од бугарскиот. Тоа не е добрососедски однос, напротив е понижувачки за нас како народ”, вели Мицкоски.
За да можеме да промениме нешто од тоа и да се трудиме да ги подобриме оние записи кои ги потпишаа СДСМ и Зоран Заев, ќе мора макотрпно да работиме, двојно повеќе од досегашното за можеби да вроди со плод нашата заложба. Доколку искрено сакаме да работиме во насока на подобрување на националниот идентитет и се она што не засега, тогаш сигурно Република Македонија нема да има никакви препреки на патот кон ЕУ, заврши Мицкоски.