Економијата тоне. Владата ништо не работи и само повторува лаги, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објавувајќи видео на својот Фејсбук профил.

„Македонија оди во погрешна насока. Покрај национална ни претстои и економска катастрофа, затоа потребни се избори. Народот да одлучи. Избори. Нека изгрее зората на слободата“, напиша Мицкоски над видеото кое го објави на фејсбук.