Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интерју за МИА вели дека се подготвени за избори што е можно поскоро и оти сметаат дека изборите треба да бидат напролет а не наесен следната година како што сака власта.
Ние сме подготвени на избори сега и веднаш, час поскоро и тоа е императив за граѓаните во Македонија затоа што државата се води во погрешна насока, затоа што сите овие политики и отсуства на реформи, лоша економска состојба, катастрофата која што се случува по понижувањето, омаловажувањето и распродажбата на националните интереси, отселувањето на младите коишто сега веќе не се само млади и луѓето во средни години со семејствата ја напуштаат Република Македонија практично цунами економијата, никакви реформи во образованието, во здравството, земјоделието буквално е на колена. Сите овие причини и уште десетици, десетици, други криминалот, корупцијата итн. се само низа причини зошто ние во државата треба да организираме предвремени избори час поскоро, а од друга страна го гледаме Зоран Заев како вели дека блескаме, дека се било во ред, дека сме биле блескав пример и слично и единствен начин да провериме дали ние сме во право кога велиме дека ништо од ова не е точно дека практично цути криминалот, дека е катастрофа на секој план или ова блескаме кое што станува заштитен знак на Зоран Заев да го провериме на едни такви избори па граѓаните нека дадат конечна оценка дали ние сме биле во право или тој е во право.
Comments are closed for this post.