Уште пред дваесетина дена од Охрид, најавена е новата победничка пролет на политичката сцена, а денес после поминати илјадници километри и разговори со илјадници сограѓани и со сликата од насобраниот народ во Штип слободно може да се каже дека победува најголемата коалиција со народот, а Македонија го добива идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски на завршниот митинг во Штип.
Велат овие политички измамници, не сме можеле, не сме знаеле, но денеска кога гледам како сплотени обединети, сите еден до друг стоиме и работиме, горди и достоинствени за Македонија, можам само да им кажам, готови сте господа од СДСМ, на колена сте, денови се во прашање пред да ве испратиме во политичка пензија. А за сите лаги, за сите измами, за политичкиот прогон, за уцените, за заканите, јас ви ветувам, дека вашата политичка пензија нема да биде мирна ниту спокојна, од прв до последен ќе одговарате пред законите, нагласи Мицкоски.
Тој од Штип на врхушката од СДСМ им порача дека се готови, дека време им е за политичка пензија, и колку побрзо сфатат, толку подобро ќе биде за Македонија.
Ветуваат на полупразните плоштади, почнаа и во училници во училишта да се собираат, ќе сме чекореле напред. Ајде една ретроспектива кои се луѓето што ни викаат дека ќе чекориме напред. Се сеќавате ли на Мирчо свињарникот и на „евро за Вице и евро за црквата“, се сеќавате ли на „живи луѓе ќе јадеме? Се сеќавате ли на суратите, и на им излегувајте на очи, на оние 15% поврат на ДДВ, се сеќавате ли на загарантираниот откуп, на нови 600 км автопат, на реновирани болници, на 100 илјади денари плата за докторите? Се сеќавате ли на жицата, на татковината, на дедовината? Сетете се и на транзицијата, овие политички измамници, ништо не исполнија, овие се луѓето кои што нас ни велат ќе сме чекореле напред, ама се срамат да кажат дека за пусти пари била работата, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.