Претседателот на најголемата политичка опција во државата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Берово ги повика сите граѓани да се обединат, и оние неопределените, па и оние досегашните поддржувачи на СДСМ, против проектот на СДСМ и БЕСА за федерализација на Македонија се до нејзино крајно уништување.
Кога човек делува навидум разочарано треба да застане цврсто на нозе и да продолжи да се бори за она во кое верува. А тоа што во кое сите ние веруваме е онаа Македонија за која што сите сонуваме. Онаа нашата Македонија. И тоа не е лесна едноставна цел. Таа е многу голема цел. И повозрасните велат, колку што целта е поголема толку се искушенијата на патот за реализација на таа цел се поголеми. И кога ќе ви речат попусто се борите се а завршено, тоа не треба да ве обесхрабрува, а ќе има и такви. Тукутоа треба дополнително да ве мотивира да продолжите да се борите во остварувањето на вашата крајна цел. Но, јас чувствувам, една чудна енергија се обединува за обновата. Народот се сплотува како многупати во историјата, и кога било и потешко. Затоа и овој пат, заедно сите на 15-ти јули ќе победиме. Тука никој не треба да има дилема, порача Мицкоски.
Мицкоски од Берово ги повика и досегашните поддржувачи на СДСМ за да се обедини целиот народ против проектот на СДСМ и БЕСА за федерализација на Македонија и нејзино крајно уништување.
Најпрвин да си ја ослободиме државата, а после ние ќе ви помогнеме да си ја ослободите партијата од овие кои што ви ја заробија. Нас после 15-ти јули ќе ни треба конструктивна опозиција. Опозиција која заедно со владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за интересите на Македонија. Ова не е само борба на два спротивни концепта, туку и борба помеѓу различни вредности. Ние нема да владееме со народот како што правеше СДСМ, туку ние ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе си ја обновуваме Македонија нашата татковина, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.