Очекувам оваа година да има избори и тоа мора да се случи затоа што треба да му се даде можност на народот да избере политичка влада онаква како што тој ја посакува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.
-Стравот во владата е дека ВМРО-ДПМНЕ, ќе издвојува победа на тие избори и стравот на коалиционите партнери е дека ќе нема кој да го уценува ВМРО-ДПМНЕ и ќе се води политика против криминалот и корупцијата, кажа Мицкоски.
За датумот кога тие би се одржале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа:
„Не знам во кој период би се случиле изборите. Да не бидам јасновидец и да не гатам кога и како ќе се одвива изборниот процес“
Comments are closed for this post.